Епидемиолозите предупредуваат дека дебелината е ризичен фактор за Covid-19

Зголемената телесна тежина е ризичен фактор за луѓето заразени со новиот тип коронавирус, а САД особено се изложени поради големата стапка на дебелината во оваа земја, изјави во средата главниот француски епидемиолог Жан-Франсоа Делфрези.

Професорот Жан-Франсоа Делфрези, шеф на научниот совет кој ја советува француската влада за епидемијата, вели дека 17 до 67 милиони Французи се во сериозна опасност поради возраста, хроничните или постојните болести, како и вишокот килограми.

„Вирусот е страшен, може да ги погоди младите луѓе, особени дебелите. Тие мора особено да бидат внимателни. Поради тоа сме загрижени за нашите пријатели во Америка, каде што проблемот на дебелината е добро познат и каде што веројатно поради тоа ќе имаат проблем“, изјави Делфрези за француското радио.

Наведе дека 88 отсто од заразените имаат само благи симптоми. Стапката на смртноста меѓу младите кои во болниците се донесени со тешки симптоми на Covid-19 e 2 отсто, но меѓу оние со нарушено здравје изнесува 14 отсто.

И покрај брзото ширење на вирусот, Франција е сѐ уште далеку од тоа 50 до 60 отсто од населението да е заразено или оздравено, точка од која се постигнува одреден степен на ткн „имунитет на стадото“, вели Делфрези.

„Првите податоци укажуваат на тоа дека бројот на луѓето кои стекнале имунитет е помал отколку што мислевме, меѓу 10 и 15 отсто“, истакнува Делфрези кој е ветеран во справувањето асо инфективните болести и ги водел француските истражувања на Еболата и СИДА-та.

Истакна дека е прерано да се укине карантинот во Франција, кој е воведен на 17-ти март, и оти тој би требало да трае до 15-ти април.