EPP и социјалистите и натаму се најбројни во ЕП, но немаат мнозинство

EPA/OLIVIER HOSLET

Според проекциите за идниот состав на Европскиот парламент вр основа на делумните резултати добиени од државите членки, двете најсилни политички групации остануваат и натаму Европската народна партија (EPP) со 178 мандати, 38 помалку од досегам, и социјалистите со 153 пратеника, или 34 помалку од претходниот состав.

Станува збор за податоци врз основа на делумните резултати од 10 држави членки, излезни анкети од 17 земји и предизборни анкети во една земја членка на Европската унија.

Трата според бројноста е групацијата на либералите заедно со листатана францускиот претседател Емануел Макрон со 109 мандати, или 40 повеќе од досега, со тоа што франциската Републиката во движење (LREM) не учествуваше на европските избори пред пет години.

Групацијата Европа на нациите и слободата, во којашто се партиите од крајната десница Лига на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини и француската Национален собир на Марин Лепен би имала според оваа проекција 67 мандати, 31 пратеник повеќе, а зад нив се Зелените со 64 мандати, 12 повеќе отколку во претходниот состав,

За да се има просто мнозинство потребни се 376 мандати, па оттами надоните партии од EPP и социјалистите повеќе го немаа мнозинството кое го имаа досега, но доколку направат сојуз со либералите би имале убедливо мнозинство од 440 мандато. Но тоа ќе предизвика проблеми во распределбата на петте фунцкии на клучните институции на ЕУ.

Европските конзервативци и реформисти, каде досега беа најбројни пратениците од британската Конзервативна партија добиваат 60 места, 19 помалку.

Досегашната пратеничка група Европа на слободите и непосредната демократија, во која се италијанското евроскептично и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди и антиевропската партија Брегзит на Најџел Фараж, би имале 42 мандата, колку што имаше и досега.

Обединетата европска левица – Нордиската зелена левица (GUE) би добила 40 места во ЕП, 12 помалку од досега.

Крајната десница, суверенистичките противевропски партии и умерените евроскептици од ECR вкупно имаат 169 мандати.