ЕПП: Лага е дека ќе се гласа за резолуција со која се осудува Македонија!

Опозициските медиуми, пред сè Алсат телевизија и Нова ТВ на Борјан Јовановски, а потоа и останатите објавија вест дека во Малта на Конгресот на Европската народна партија ќе се гласа Резолуција со која се осудува радикалната реторика и постапките кои претставуваат закана за мирот и стабилноста од страна на Македонија.

Тоа воопшто не е точно и се работи за лажна вест. Фактите се дека во драфт резолуцијата која е јавно достапна не се споменува во ниту еден сегмент Македонија, а ниту пак на било кој начин се имплицира на нашата земја.

Резолуцијата која ќе ја донесе Европската народна партија е документ во кој се вели дека државите од Западен Балкан се блиски партнери на ЕУ, проширувањето на Европската Унија останува приоритет и е една од најуспешните политики.

Според документот, Европската Унија треба да обезбеди визија и јасна перспектива на земјите од западен Балкан и треба да ја зголеми финансиката поддршка. Преку резолуцијата се осудува исламскиот радикализам, и се стимулира дебата со цел да  се постигне стабилност, и мир како долгорочна цел.

Европската Народна Партија ќе се заложи за продолжување на соработката и интегрирање на Западен Балкан во Унијата, се осудува секакво негативно мешање на надворешни фактори, и дека секоја држава аспирант мора да биде оценувана според систем на заслуги.