Делумно опоравување има на турската лира.
Валутата делумно се опорави откако претседателот Реџеп Таип Ердоган вчера воведе низа мерки кои ќе поттикнат штедење во домашната валута. Ердоган изјави дека мерките ќе обезбедат граѓаните да не мора да ги претвораат своите лири во странска валута, додека да имплементира други мерки за помош на извозниците и пензионерите.
Лирата порасна по објавувањето на мерките и се тргуваше на 13,40 во однос на доларот синоќа. Таа претходно ја проби границата од 18 за долар, паѓајќи петти ден по ред. Според официјалните податоци, инфлацијата изнесува 21 отсто.