Ердоган: Ако уште еден војник биде повреден, Турција ќе ја нападне Сирија

Турција ќе ги нападне сириските владини сили каде било во северна Сирија, ако уште еден турски војник биде повреден, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека Турција е одлучна до крајот на февруари да ги потисне сириските владини сили зад турските набљудувачки пунктови во северозападната покраина Идлиб.

– Тоа ќе го направиме на кој било начин, од воздух или од земја, посочи Ердоган.