Турскиот премиер вчера ги повика европските земји да ги спречат борците џихадисти да патуваат во Турција за да се приклучат на радикалните групи во Сирија.
Во обраќање кон амбасадорите на земјите членки на Европа, Реџеп Тајип Ердоган побарал од тие држави да соработуваат со Анкара во размена на разузанавачки податоци за луѓе кои можеби веќе дошле во Турција, пренесoа медиумите.
Ердоган рекол дека Турција веќе забранила влез на нејзина територија за околу 5300 личности за кои се сомнева дека се џихадисти. Најмалку 824 други лица се депортирани од Турција. Тој посочил дека тие борци претставуваат закана за Турција „по своето доаѓање“ и дека ќе претставуваат закана за безбедноста на европските земји „после своето враќање“.
Повеќе илјади европејци се борат во Сирија, која има заедничка граница со Турција.
Ердоган, ито така упатил апел до замјите на ЕУ да ја поддржат неговата земја во помош на сириските бегалци во Турција кои, според проценките се околу еден милион.