
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се зазема во саботата во телефонскиот разговор со рускиот колега по должност Владимир Путин за „прогресивен“ пристап кон талибаните кои ја преземаа власта во Авганистан, наместо пред нив да се поставуваат „тешки барања“.
„Каналите за дијалог со талибаните мораме да ги оставиме отворени и да го продолжиме прогресивмото заземање, напесто пристап кој би се темелел на тешки барања“, рекол Ердоган, се наведува во соопштението на турското претседателство.
Турскиот претседател притоа ги пофалил преговирите меѓу ралибаните и авганистанските поранешни високи државни функционери, оценувајќи дека тие „ветуваат“.
„Во моментов ги оценуваме умерените пораки на талибаните како позитивни, но процесот во однина нема да се одредува од нивните зборови, туку од делата“, истакнал Ердоган.
„Двајцата претседатела се договорија за зацврстување на билатералната соработка во врска со Авганистан“, се наведува во соопштението на Кремљ.
Од кабинетот на Путин соопштија дека двајца лидери ја истакнале потребата да се гарантира „стабилност и цивилен мир во земјата“, ставајќи акцент на „борбата со тероризмот и со криумчарењето дроги“.
Туријца, којашто во Авганистан во моментов има неколку стотина војници, задно со САД учествува во обезбедувањето на евакуацијата од аеродромот во Кабул.