Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган упати писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое што му го честита Денот на Русија, пренесува АФП.
Ова е прв контакт на Ердоган и на Путин во изминатите неколку месеци откако односите меѓу Турција и Русија се влошија поради тоа што турските сили соборија руски борбен авион на границата со Сирија во ноември минатата година.
Тензиите дополнително се зголемени поради учеството во војната во Сирија.
-Го потврдуваме пишувањето на медиумите дека претседателот испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин по повод рускиот национален празник, изјави неименуван турски претставник на владата.
Тој додаде дека Ердоган во пораката изразил желба односите да „бидат унапредени на нивото што двете земји го заслужуваат“.
Русија на 12-ти јуни го прослави националниот празник – Денот на Русија.