Ердоган: Борците за човекови права за протестите во Франција се глуви и слепи

Западните борци за човекови права и новинарите покажуваат недостиг на чесност и различно се поставуваат во однос на протестите во Франција, вели турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Оние активисти, кои активно работеа на протестите во паркот Гaзиантеп, за Париз молчат – тие се слепи, глуви и неми. Светските медиуми не покажуваат објективно што се случува во Франција. Го кренаа целиот свет на нозе поради Гези. Ајде сега на ист начин нека ги прикажат протестите во Франција, но тие не се искрени, рече Ердоган.

Според неговите зборови, никој не може да и дели на Турција лекции за демократијата и за човековите права.

Оние што најмногу апелираа за човековите права долго време беа најлошите примери во овој поглед, додаде турскиот претседател.

Протестите на „жолтите елеци” започнаа на 17 ноември против зголемувањето на цените на бензинот. Масовните протести преминаа во немири и судири со полицијата. Во јуни 2013 година, во Турција се одржуваа голем број протести, кои започнаа во Истанбул, поради одлуката на властите да исечат дел од дрвјата кај плоштадот Таксим и да изградат деловен центар на истото место. Демонстрантите беа поддржани од многу Турци во земјата и нивните сонародници кои живеат во странство. Протестите се претворија во незадоволство од владините политики.