![erdogan (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/erdogan-1.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган повика на преиспитување на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година, со кој се стави крај на војната во Босна и Херцеговина, пренесуваат медиумите од регионот.
Турскиот претседател изјави дека Дејтонскиот договор треба да се ревидира, бидејќи „не ја решава иднината на Босна и Херцеговина”. Според медиумите, коментарот на Ердоган ги покренува прашањата за аспирациите на Анкара на Балканот, но е и знак за намерата на Турција да го зајакне своето влијание во регионот.
Дејтонскиот мировен договор е договор за примирје меѓу завојуваните страни и поделба на територии, со кој се стави крај на граѓанската војна во БиХ (1992 – 1995). Договорот е постигнат на 21 ноември 1995 година во воената база на САД во Дејтон (Охајо) и е потпишан на 14 декември 1995 година во Париз од страна на лидерот на Бошњаците, Алија Изетбеговиќ, претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ и претседателот на Хрватска, Фрањо Туѓман. ГОлем дел од договорот се однесува на државното уредување на БиХ, имплементацијата на мировниот договор, како и воени аспекти за решавање на етничкиот конфликт.