Во понеделникот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган достави до парламентот предлог-закон за ратификација за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО. Ова го соопшти турското претседателство.
Претседателството на Турција не соопшти повеќе детали.
Влезот на нова членка во НАТО мора да биде одобрен од сите постоечки членки. Досега кандидатурата на Шведска сѐ уште не ја ратификувале Турција и Унгарија, пренесува АП.
Турција се спротивстави на членството на Шведска поради загриженоста за напорите на владата во Стокхолм за борба против исламофобијата, како и за активностите на курдските групи во оваа скандинавска земја.
Шведска и Финска се откажаа од децениското воено неврзување откако рускиот претседател Владимир Путин ѝм нареди на руските трупи да ја нападнат Украина во февруари 2022 година.
Финска се приклучи на воениот сојуз во април, сѐ уште не е јасно кога Шведска ќе може да се приклучи.