Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека враќањето на владејачката Партија на правдата и развојот на еднопартиското владење по изборите и дава можност на Турција да ги зајакне чекорите во однос на регионалните прашања.
Говорејќи на деловниот состанок во Анкара, Ердоган изјави дека резултатите од изборите, на кои АКП освои околу 50 отсто од гласовите ќе и донесе крај на политичката несигурност на земјата.
Говорејќи за учеството на Русија во судирите во Сирија, Ердоган испрати „пријателско предупредување кон оние кои додаваат гориво во судирот, само за да можат да се најдат во ист пожар“.