Ердоган ги повика талибаните да стават крај на „окупацијата“ на Авганистан

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во понеделникот дека талибаните „би требло да ја завршат окупацијата на земјата на своите браќа“, минимизирајќи ги притоа предупредувањата од оваа исламистичка радикална групација за последиците кои Турција ќе ги понесе доколку нејзините сили останат во Авганистан.

„(Талибаните) треба да ја завршат окупацијата на земјата на своите браќа и веднаш да му покажат на светото дека мирот завладеал со Авганистан“, изјави Ердоган за медиумите во понеделникот.

Турскиот претседател, исто така, додаде дека пристапот кој талибаните го имаат не е начин на кој муслиманите би требало да се однесуваат едни кон други.

Турција, којшто понуди да управува и да го обезбедува меѓународниот аеродром во авганистанската престолнина Кабул по повлекувањето на трупите на САД и на НАТО, преговара со Вашингтон за финансиската, политичката и логистичката поддршка на Авганистан.

Поради намерата на Анкара да задржи свои трупи во Авганистан за да управува со кабулскиот аеродром, талибаните на Турција минатата седмица и испратија предупредување.

Ердоган, на новинарско прашање да ја коментира талибанската закана, рече дека во изјавата којашто ја упатиле талибаните изрични не е речено „Ние не ја сакаме Турција“.

„Турција има намера да одржи разговори со талибаните кои се противат на оваа мерка. Во моментов, на ниво на Министерство за надворешни или на мое ниво (…) се обидувам да видиме кои разговори можеме да ги водиме со талибаните и каде тие размени може да нѐ одведат“, рече Ердоган, пренесува AFP.

Талибаните владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година кога беа соборени со инвазијата предводена од САД на којашто се приклучи НАТО поради давањето засолниште на џихадистичката мрежа Ал Каеда која на 11-ти септември 2001-та ги изведа најголемите терористички напади во историјата на американска територија. Во следните 20 години талибаните се бореа за соборување на владата во Кабул поддржувана од Западот и повторно да ја воспостуват исламската власт, и да ги вратат контролите врз териториите додека странските трупи се повлекуваат.