Ердоган го условува шведското пристапување во НАТО со турското пристапување на ЕУ

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот изјави дека Европската унија би требало да го отвори патот за пристапување на Турција во Унијата, пред турскиот парламент да го одобри пристапувањето на Шведска во Северноатлантскиот воен сојуз.

Турското пристапување во ЕУ е замрзнато со години. Пристапните преговори започнаа во 2005 година, во првиот премиерски мандат на Ердоган. Меѓутоа, по долгите години разни условувања за Анкара, односите со одреден држави членки на ЕУ се влошија пред неколку години, особено по неуспешниот обид за воен удар од јули 2016 година во Турција, кога беше забележлива пристрасноста на западноевропските земји кон пучистите. Од тогаш односите се поправија, особено затоа што ЕУ зависи од помошта на Турција во однос на неконтролираната миграција.

Неочекувано променувајќи го пристапот, Ердоган во понеделникот ги поврза турската согласност за пристапувањето на Шведска во НАТО со влегувањето на Турција во ЕУ.

„Ги повикувам од овде оние земји поради коишто Турција чека на вратата на Европската унија повеќе од 50 години“, изјави Ердоган обраќајќи се пред заминувањето на самитот на НАТО во Вилнус.

„Како прво, отворете го патот на Турција во Европската унија и ние тогаш ќе го отвориме патот на Шведска, како што го отворивме за Финска“, рече Ердоган додавајќи дека овој апел ќе го повтори на самиот.

Шведска и Финска ланскиот мај заеднички поднесоа барање за членство во НАТО, откажувајќи се од декларативната децениска воена неутралнсот иако со западните земји тесно соработуваа и во одбранбениот сектор и во воените маневри, правдајќи го потегот со руската инвазија во Украина.

Пристапувањето на Финска во НАТО беше одобрено во април, но пристапувањето на Шведска го блокираат парламентите на Турција и Унгарија кои го обвинуваат Стокхолм за непријателски потези кон двете земји. Притоа Будимпешта наведе дека ќе ги ратификува пристапувањето на Шведска доколку тоа го стори Анкара.

Анкара сѐ уште тврди дека Шведска не сторила доволно во остварување на турските барања за односот и предавањето на лицата кои турските судови ги товарат за тероризам, главно припадниците на Работничката партија на Курдисатан (PKK) која Турција, како и ЕУ и САД ја сметаат за терористичка организација.