Ердоган и Киличдароглу собраа големи маси две седмици пред изборите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот главен предизвикувач Кемал Киличдароглу, привлекоа во неделата големи маси луѓе на нивните предизборни собири, две седмици пред претседателските и парламентарните избори.

Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14-ти мај. Главни ривали се актуелниот шеф на државата Ердоган како заеднички кандидат од ткн  „Републиканската алијанса“ и заедничкиот кандидат од опозициската „Народна алијанса“ Киличдароглу, а кандидати се и лидерот на партијата Мемлекет, Мухарем Инџе, и кандидатот од сојузот Ата, Синан Оган.

„Дали сте подготвени за 14-ти мај? Дали сте подготвени да ги преполните гласачките кутии: Нашиот народ, ако даде Господ, ќе отстрани од политичката сцена!“, повика претседателот Ердоган во парк во Анкара повикувајќи ги приврзаниците кои се собраа во голем број, да ги повикаат на избирачките места оние кои сѐ уште не се одлучиле.

„Турција повторно ќе ја здогледа светлината! Овие избори се за да ја обновиме нашата демократија… Ќе донесеме мир (…) и братство“, изјави Киличдароглу.

Едроган е веќе две децении на власт, додека 74-годишниот Киличдароглу, поранешен висок функционер, е лидер на порано владејачката поранешна националистичка партија Народна републиканска партија (CHP), која сега се претставува како социјалдемократска.

Двајцата кандидати уште во саботата имаа далечински дуел, Киличдароглу  во Кајсери, претежно конзервативен град во централна Анадолија, а Ердоган во Измир, каде што на изборите во 2018 година освои речиси третина од гласовите.

Анкетите покажуваат речиси израмнета трка, којашто би можела да биде најопасната по Ердоган откако во 2003 година дојде на власт, тогаш како премиер.

Ердоган, кого неодамна го мачеше стомачен вирус, мораше на една седмица да ја прекине кампањата, а во вторникот прекина телевизиско интервју во живот. Но во саботата изрази задоволство поради „продолжувањето на својата програма“, ветувајќи дека „нема да се запре“ до самото одржување на двојните избори на 14-ти мај.