Ердоган и Путин го означија почетокот на изградбата на третиот блок на турската нуклеарка Акују

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега по должност Владимир Путин го означија почетокот на изградбата на третиот блок на турската нуклеарна централа Акују.

Нуклеарната централна Акују во провинцијата Мерсин на турскиот средоземноморски брег, ја гради руската државна корпорација „Росатом“. Двајцата челници на церемонијата по повод почетокот на изградбата на третиот блок преку видео-конференција.

„Дозволувам. Почнете“, рече Путин по што во Турција беа притиснати симболичните црвени копчиња, што го симболизираше почетокот на изградбата.

Првата нуклеарна централа во Турција се гради според меѓувладиниот договор кој уште во 2010 година го потпишаа Москва и Анкара. За изградбата беше специјално формирана компанијата „Akkuyu Nuclear“, во којашто 99 отсто од сопственоста е на „Росатом“. Нуклеарката Акују ќе се состои од четири енергетски единици со капацитет од по 1.200 MW. По завршувањето на изградбата, централата ќе генерира околу 35 милијард kWh годишно.

Изградбата на првиот блок на АЕЦ „Акују“ започна во април 2018 година, а вториот во јуни 2020 година. „Росатомот“ веќе ги предал документите за добивање лиценца за изградба на четвртиот и последниот блок на нуклеарката пред турските регулаторни тела, што се очекува до есента 2021 година.

Планирано е првиот блок на нуклеарката „Акуку“ да биде ставен во погон на 100-годишнината од формирањето на турската република, во 2023 година. Во текот на посетата на Анкара во 2018 година, Путин истакна ќе се погрижи да учествува на таа церемонија.