Ердоган и Зеленски разговарале за евакуацијата од Мариупол

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека во неделата со турскиот колега по должност Реџеп Тајип Ердоган разговарал за неопходноста од брза евакуација на цивилите од утврдената челичарница „Азовстал“ крај Мариопул, во која се опколени околу 2.500 борци на украинските маринци, припадници на формациите од членови на крајно десните организации формирани во украинската Национална гарда и странски платеници.

Зеленски објави на Twitter дека со Ердоган се слушнал пред турскиот челник телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путина.

„Ја истакнав потребата од брза евакуација од Мариупол, вклучително и од ‘Азовстал’, како и брза размена на блокираните трупи“, напиша Зеленски уште еднаш потврдувајќи дека е првенствено заинтересиран за извлекувањето на украинските борци.

Русија, од своја страна, одбива какво и да е пропуштање на укранските сили од „Авзостал“ и бара тие да го положат оружјето и да се предадат. Во врска со непотврдените информации дека и околу илјада цивили се кријат во утврдените подземни коридори на челичарницата, Москва порача дека се повторува практиката на украинските сили цивилите да ги земаат како „жив штит“ и порача украинската команда да им овозможи безбедно да се излезат и да бидат евакуирани.

Турција, која е членка на НАТО, дели поморска граница со Русија и со Украина и е во добри односи со двете држави. Анкара ја поддржа Украина, но одби да воведе какви и да се санкции за Русија.

Кабинетот на турското претседателство објави дека Ердоган во текот на разговорот се согласил со Зеленски за потребата од евакуација на ранетите и цивилите од Мариупол, бидејќи „ситуацијата со секој ден е сѐ потажна“.

„Претседателот Ердоган изрази подготвеност да пружи сете помош во преговарачкиот процес и сета потребна поддршка, вклучително и посредување и гаранции (за Украина)“, соопшти официјална Анкара.

Украинските преговарачи кон крајот на март по преговорите во Истанбул објавија дека Киев предложил воено неутрален статус во замена за безбедносни гаранции, што значи дека Украина не би се придружувала на воени сојузи или на нејзината територија би имало бази со странски трупи. Но Москва подоцна објави дека во предлог-документот кој го добила има големи отстапувања и го обвини Киев за постојано менување на преговарачките позиции.

Ердоган во неделата рече дека Турција во принцип се согласува со предлогот за воена неутралност на Украина. Зеленски, пак, во саботата рече дека Украина сака еден од гарантите на безбедноста да бидат и САД.