Ердоган им вети одговор на САД доколку воведат санкции за Турски тек

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети во петокот дека ќе преземе одмазнички мерки доколку САД воведат санкции поради проектот за гасоводот Турски тек кој Анкара го изведе заедно со Москва.

„Тие (претставниците на американските власти) зборуваа дека ќе бидат преземени чекори во врска со (набавката на руските противвоздишни системи) С-400 и (американската програма за авионот од новата генерација од кој Турција е суспендирана) F-35, Но тоа се завршени случаи, колкупати разговаравме за тоа. Сега тие без срам велат дека ќе воведат санкции поради Турски тек. Се разбира, ние ќе примениме санкции за сите вакви чекори“, изјави Ердоган за новинарите кои го придружувале во авионот при неговото враќање од посетата на Малезија.

Според турскиот челник, ваквиот чекор од американската страна може да се смета како „отворено мешање во внатрешните работи на Турција“. Тој повторни дека Анкара ќе воведе контрасанкции против Вашгинтон, доколку американсата страна примени рестрикции кон Турција поради набавката на руските системи С-400.

„Против тие санкции, секако, ќе има и наши контрасанкции. Ние не сме народ кому може да му се врзуваат рацете и нозете. Постојано велам: ние не сме племенска држава“, додаде Ердоган.

Американскиот претседател Доналд Трамп, како што се очекува, на 20-ти декември ќе го потпише воениот буџет за фискаланата 2020 година којашто започна на 1-ви октомври.

Ердоган претходно објави дека системот С-400 ќе биде целосно оперативен во април 2020 година, и покрај тоа што САД бараа раскинување на договорот и замена со американските системи „Patriot“, заканувајќи се со целосно запирање на испораките на борбените авиони „F-35“ на Турција, и воведување санкции во согласност со CAATSA, односно законот За спротиставување на противниците на Американс преку санкции“, но Анкара одби да направи отстапки.

Законот посебно предвидува воведување на низа нови санкции против Русија, меѓу кои и во врска со гасоводите Северен тек 2 и Турски тек, како и во рамките на членот „Акт за заштита на цивилното население во Сирија“ (CAESAR Syria Civilian Protection Act). Последниот предвидува воведувања рестриктивни мерки против Русија поради поддршката на сириските владини сили во текот на „граѓанската војна“.