Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека има докази дека коалиционите сили на чело со САД им даваат поддршка на терористичките групи.
Меѓу тие групи, како што вели Ердоган, е Исламската држава и курдските екстремистички групи.
„Тие нас не обвинуваат дека го поддржуваме Даеш (Исламска држава), а сега тие даваат поддршка на терористичките групи вклучувајќи ги Даеш, ЈПГ и ПЈД“, изјави турскиот претседател на прес конференција во Анкара, пренесува Ројтерс.
Како што истакнал Ердоган „тоа е многу јасно“.
„Имаме потврдени докази, со фотографии и видео снимки“, наведува Ердоган.