Испораката на руските противракетни системи С-400 во Турција ќе почне во првите 15 дена од следниот месец, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Од моментот кога ќе почне испораката на системите, ќе бидат одреди локациите каде тие ќе бидат лоцирани, нагласи тој.
Според него, зделката со Русија е направена со „многу добри услови за Турција”. Ердоган ја даде таа изјава синоќа по предупредувањата од Вашингтон дека ќе воведе санкции за Турција поради купување на ракетните системи С-400 од Русија
Пред два дена Ердоган изјави дека не очекува санкции од САД поради набавката на руските ракетни системи, но ако тоа се случи ќе знае да одговори со санкции .