
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека единици на турската армија се упатиле кон Либија за да ја поддржат меѓународно признатата влада за национално единство на Фаез ал-Серај.
Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен Турк изјави дека Турција испраќа високи воени претставници во Либија на покана на Триполи.
– Ќе има оперативен центар (во Либија), ќе има турски генерал-полковник за управување со ситуацијата таму. Турските војници постепено веќе одат таму, рече Ердоган.
Како што објасни тој, целта на турските вооружени сили не е да се борат, туку да обезбедат прекин на огнот во Либија со поддршка на легитимната влада во Триполи.
Анкара и Триполи потпишаа меморандум за соработка за одбрана на 28 ноември.
Либија има две извршни власти – меѓународно признатата влада на национално единство на Ал-Сарај во Триполи и привремена валда на Абдулах ал-Тани на исток во држвата поддржана од Либиската национална армија на Калифа Хафтар.