![erdogan vo parlament](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/erdogan-vo-parlament.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
На денот кога турскиот претседател Абдула Ѓул, го потпиша контроверзниот закон за зајакнување на контролата врз интернетот, премиерот Реџеп Таип Ердоган, прогласи победа над своите противници, пишува британскиот весник „Фајненшл Тајмс“, пренесе турскиот телевизиски канал „Си-Ен-Ен Турк“.
Станува збор за предводената војна од премиерот Ердоган, против истрагата за корупција и мито во земјата, што тој се стреми да ја претстави како обид за државен удар.
Сепак моќта на Ердоган беше доведена во прашање.
Некои аналитичари сметаат дека се’ уште турскиот премиер е ранлив и лесно може да настрада ако превзема непромислени одлуки.