Турскиот претседател Реџеп Ердоган денеска предупреди дека милиони мигранти наскоро ќе тргнат по патот што води кон Европската Унија. Како што јавува агенцијата „Франс прес“, ваквата негова изјава е дел од притисокот кон западните земји поврзан со конфликтот со Сирија.
– Откако Турција минатата недела ги отвори вратите за мигрантите да ја напуштат територијата, стотиците илјади поминаа, а наскоро ќе бидат милиони – рече Ердоган во телевизиското обраќање.