Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази поддршка за венецуелскиот колега Николас Мадуро, чија земја е во тешка економска криза и воедно и се наложени санкции од страна на САД.
„Трговските ограничувања и санкции се тешки и само ја зголемуваат нестабилноста“, изјави Ердоган, при првата официјална посета на Венецуела.
„Не може да се санкционира цел народ, за да бидат решени политички прашања“, додаде Ердоган на средба со бизнис секторот од јужноамериканската земја.
Турскиот претседател истакна дека ќе му помогне на Мадуро да се справи со економската криза. „Ќе го покриеме поголемиот дел од потребите на Венецуела, ја имаме таа можност“, заклучи Ердоган, апелирајќи турските претприемачи да го зголемат извозот кон Венецуела.