Ердоган ќе воведе смртна казна по „крунисувањето“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека по референдумот за воведување на претседателски систем очекува Парламентот да одобри воведување на смртна казна во Турција.

„Семејствата на нашите паднати борци и семејствата на нашите херои не треба да се грижат. Верувам дека Парламентот ќе направи се’ што е неопходно по 6-ти април повторно да се воведе најстрогата казна“, рекол Ердоган на еден митинг.

Ердоган, кој, како преседател ги потпишува законите кои ги носи Парламентот, вели дека нема да се двоуми да го стори тоа.

Турскиот претседател еден ден по обидот за воен удар на 15-ти јули 206 година спомена евентуално воведување на смртна казна, укината во 2004 година поради кандидатурата на Турција за прием о Европската унија.

Односите меѓу Турција и ЕУ значително се влошија бидејќи Германија неодамна забрани три собири на турската заедница поради промоција на референдумот за овластувањата на Ердоган што потоа го стори и Холандија.