Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се заколна дека ќе преживее по корупцискиот скандал што го тресе неговиот кабинет од 17 декември. Во корупцискиот скандал беа вмешани имињата на негови блиски соработници.
„Пред ходно велеа ‘Гези’ и кршеа прозорци. Сега тие велат ‘корупција’ и разбиваат прозорци. Овие заговори нема да успеат. Тие не се загрижени за корупцијата, законитоста или правдата, нивната единствена грижа е спротивставувањето на силата на оваа нација“, изјавил Ердоган, пренесе „Ројтерс“.
Според него вкупните загуби, претрпени од 17 декември наваму, изнесувале околу 120 милијарди долари.
„Како може да го правите тоа? Како може да започнете вакваткампања? Тоа е работа на банда, на организација. За жал , сите опозициски партии се заедно во тоа“, вели Ердоган.