Турција е подготвена да ја преземе контролата над северниот сириска град Манбиџ, каде што четирите американски војници загинаа во бомбашки напад за кој одговорноста ја презема џихадистичката организација Исламска држава, рекол во телефонскиот разговор турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган воден ноќта кон понеделникот со американскиот колега Доналд Трамп.
Ердоган му напомнал на Трамп дека самоубиствениот напад во Манбиџ, кој е под контрола на арапско-курдската коалиција поддржана од САД, бил провокативен чин насочен да влијае врз американската одлука од минатиот месец да бидат повлечени американските војници од Сирија, пренесе Анкара.
Коалицијата предводена од САД има воени бази во Манбиџ, град кој курдските сили го заземаа во 2016 година до кога беше под контрола на Исламската држава. Кон крајот на декември во овој град во близина на границата со Турција влезе и сириската владина војска во договор со крудските милици, што беше потврдено и од двете страни. Засега е нејасно дали американската војска ја задржала базата во градот или ја дислоцирала на периферијата во очекување на најавеното целосно повлекување од Сирија.
Турција, којашто YPG ги смета за крило на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), во декември се закани дека ќе влезе во Манбиџ, но ги запре операциите, откако САД порачаа дека Анкара не смее да ги напаѓа Курдите.
Во својот опис на споменатиот телефонски разговор, Белата куќа не ја споменува понудата на Ердоган за преземањето на безбедносната контрола над Манбиџ, но напоменува дека двајцата челници се договориле дека ќе ги продолжат преговорите ококу североисточна Сирија, што ќе ги задоволи безбедносните барања на двете земји.
Трамп, кој ги изненади сојузниците со одлуката од 19-ти декември да ги повлече околу 2.500 американски војници од Сирија, потоа ја предупреди Турција дека не ги напади курдските сили во оваа земја, заканувајќи се со нови удар врз турската економија.