Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повторни во четвртокот предупреди дека милитаризацијата на островите во источниот дел на Егејското Море од страна на Грција би можело „да заврши со катастрофа“.
„САД распоредија девет воени бази во Грција. А против кого? Тие велат дека се насочени против Русија. Таквото аргументирање ние нема да го прифатиме како веродостојно“, рече претходно во средата Ердоган.
Во четвртокот и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу уште една изјави дека поставувањето воени бази на островите во источен Егеј од страна на Грција претставува кршење на долгогодишните меѓународни договори и дека тоа го доведува во прашање суверенитетот на островите. Според него, Турција е решителна да разговара и да го оспори суверенитетот на тие острови, доколку Грција не престане со кршењето на договорите.
Грчките медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, објавија дека Атина го отфрла новите обиди на турските челници да го поврзат грчкиот суверенитет над островите и водите на Егејското Море со ткн обврска за демилитаризација на тие острови, од кои некои се на само неколку километри од турскиот брег. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претходно изјави дек побарал од лидерите во Европската унија на јунскиот сами да дискутираат за однесувањето на Турција.
„Конфликтите и потенцијалните закани во нашиот регион покажуваат дека на НАТО, како никогаш досега, му се потребни единство и солидарност. Во толку критичен период, жалиме што во Егејското Море, Источниот Медитеран и на Кипар беа применети стратегии коишто ги загрозуваат правата и интересите на нашата земја, засновани на меѓународни договори“, изјави Ердоган по повод одржувањето на маневрите „Ефес-2022“ во Измир.
Турскиот претседател истакна дека „со невидена во светот непромисленост некои грчки политичари се обидуваат да останат на дневниот ред со изјави и постапки кои се далеку од реалноста, спротивни на разумот, логиката и законот“.
„Турција нема да се откаже од своите права во Егејското Море и нема да се воздржува од употреба на овластувањата дадени со меѓународните договори за вооружување на островите, кога тоа е неопходно. Не се шегувам, ова може да заврши со катастрофа“, предупреди Ердоган.
Односите меѓу Турција и Грција се сериозно влошени последните години поради низа територијални спорови. Двете соседни земји не можат со децении да се договорат за поморските зони и подморјето.
Трипати на работ од воен судир
Анкара во 1995 година, за време на ратификацијата на конвенцијата на UNCLOS во грчкиот парламент, изјави дека ако Грција ги прошири своите територијални води од 6 на 12 наутички милји во Егејското Море, тоа ќе се смета за повреда на националниот суверенитет на Турција и ќе стане причина за објавување војна. Таквото проширување практично ќе ги затвори турските води, ќе ја прекине можноста на Турција да стигне до меѓународните води, а земјата ќе биде затворена во нејзините територијални води.
Во летото 2020 година турските подводни сеизмички истражувања на евентуални наоѓалишта на природен гас во источниот Медитеран, кој Грција го смета за своја ексклузивна економска зона, предизвикаа остро влошување на односите меѓу Атина и Анкара кои неколку години покажаа големо приближување. Летото пред две години двете земји трипати беа на работ од вооружен конфликт, грчките вооружени сили извршија и општа мобилизација, а Турија распореди тенкови по должина на копнената граница со Грција. Германките медиум објавија дека тогашната германска канцеларка Ангела Меркел во последен момент спречила воен судир меѓу двете земји членки во НАТО.
Грција не го признава меморандумот потпишан во ноември 2019 година меѓу Анкара и меѓународно прознатата Влада на национално единство (GNA) во Триполи за разграничувањето на поморските зони меѓу Труција и Либија. Според грчкото министерство за надворешни работи, докулемтот кој содржи координати за фактичко разграничување на подморјето и ексклуизивните економски зони на Турција и Либија, на грчките острови кои се наоѓаат меѓу Турција и Либија им го одзема правото на континентално подморје и ексклузивните економски зони.
Од друга страна, пак, Грција во 2020 година склучи договор со Италија и Египет за разграничување на поморските зони. Анкара реагираше на тоа порачувајќи дека нема да го признае грчко-египетски договор и како одговор го испрати своите истражувачки брод „Oruc Reis“ придружуван од група воени бродови, за сеизмички истражувања во близина на грчкото крајбрежно подморје во близина на островот Кастелоризо. Атина на тоа одговори со ставање во состојба на целосна борбена готовност а своите вооружени сили и порача дека со сите средства ќе ги брани своите суверени права.