Ердоган му честиташе на Џонсон, и го истакна Лондон како ‘стратешки партнер“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор во средата му честитал на новиот британски премиер Борис Џонсон, кој има и турско потекло, а двете земји ги нарече стратешки партнер, пренесува турската државна новинска агенција Anadolu.

Ердоган во разговорот рече дека верува оти односите меѓи Турција и Велика Британија како стратешки партнери дополнително ќе бидат унапредени со новиот лидер во Лондон.

Џонсон го предизвика гневот на официјална Анкара во 2016 година, со барањето да се стави вети на пристапувањето на Турција кон Европската унија, пишувајќи дури и песна во која го навредува Ердоган.

Сега, пак, турските медиуми го поздравија доаѓањето на Џонсон на чело на владата на Обединетото Кралство, потсетувајќи го неговото семејни потекло со Отоманското Царство. Имено Џонсон е правнук на истакнатиот турски дипломат и филозоф Али Кемал.