Ердоган му рекол на Путин дека не се согласува со признавањето на Донбас, за кого тоа бил неопходен чекор

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во средата рекол дека е познат неговиот став за територијалниот интегрите на Украина и не се согласува со руското признавање на проруските самопрогласени источноукраински региони во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин кој му одговорил дека тоа бил неопходен чекор за да се спречи војна.

Турција, која е членка на НАТО и граничи со Украина и со Русија преку Црното Море, има добри односи со двете земји, од Москва купува противоздушни системи а на Киев му продава беспилотни офанзивни летала, начелно е против запдните санкции против Русија. Анкара се понуди да биде медијатор во кризата која трае меѓу Украина и Русија.

Ердоган во телефонскиот разговор на Путин му кажал дека воен судир во региониот никому не би му бил од полза и повторно ја понудил помошта во барањето решение, објави кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган притоа истакнал дека ја цени тесната соработка со Путин во врска со регионалните прашања, како и дека сака така да продолжи и во иднина, и ја повторил важноста Турција да не се откаже од врските ниту со Украина, ниту со Русија и да се почитуваат договорите од Минск.

„Претседателот Ердоган, кој повотрно повика на решавање на моменталната состојба преку дијалог, истакна дека е важно дипломатијата да биде ставена на прво место, како и дека Турција исто така продолжува со својот конструктивен став во НАТО“, соопшти неговиот кабинет.
Кремљ потврди дека во телефонскиот разговор со Ердоган биле изнесени процените за признавањето од страна на Москва на ткн народни републики во Донецк и во Луганск.

„Владимир Путин ја истакна објективната неопходност од донесеното решени во услови на агресивност од страна на украинските власти во Донбас и нивното категорично одбивање да ги исполнат обврските од Минските договори“, соопштија од Москва.