Ердоган: Најрано во четврток ќе се знае името на новиот премиер

Новоизбраниот турски претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека најрано во четврток ќе се соопшти името на кандидатот за нов премиер.

Ердоган во неделата победи на првите директни претседателски избори во земјата.

На партискиот конгрес, кој е закажан за 27 август, ќе се знае новиот лидер на Партијата за правда и развој, а како што наведува Ројтерс, малку е веројатно дека изборот на Ердоган ќе биде отфрлен.

Инагурацијата на Ердоган е закажана за 28 август.

По стапувањето на должност претседател, тој ќе си поднесе оставка од местото премиер и лидер на партијата.

Според турскиот Устав, претседателот мора да ги прекине сите врски со политичката партија откако ќе го изберат.