Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, говорејќи на 74-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, оцени дека е неправедно нуклеарното оружје како лост за притисок.
Тој повика или овој вид оружје да биде забрането или достапно за сите земји.
– Денес се соочуваме со проблеми произлезени од неправдата … Оние кои имаат нуклеарно оружје го користат како средство за притисок и им се закануваат на оние што го немаат. Треба или да го забраниме или да го дозволиме за секого, рече Ердоган .
Тој, исто така, повика на реформа на Советот за безбедност на ОН. – Светот е повеќе од пет земји (постојани членки на Советот за безбедност). Одамна дојде време да се промени овој менталитет, рече турскиот претседател.