Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска одби да коментираза оставката на тројца од своите министри, кои одлучија да се повлечат од своите функции поради корупцискиот скандал што ја потресе Владата и целата турска јавност, пренесе „АФП“.
Ердоган продолжува да го оценува случајот како „заговор“.
Во изјавата пред високи членови на својата партија, премиерот не дал никаков коментар за оставката на тројцата соработници и инсистирал на тоа дека станува збор за „заговор со меѓународни разгранување“, што е подготвен да ја дестабилизира земјата и турската економија.
„Цел овој заговор има меѓународна димензија. Тој е претставен како судска процедура, но има за цел да ја помрачи иднината на Турција“, рекол Ердоган.
Претходно денеска министрите за внатрешни работи, за економија и за животна средина поднесоа оставка поради корупцискиот скандал што се’ уште ја тресе Турција.