Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот официјално ја започна кампањата за претседателските избори со посета на југот на земјата, кој катастрофално настрада во земјотресот на 6-ти февруари.
„Дојдовме да ви служиме, а не да командуваме“, ѝ рече Ердоган на масата луѓе на отвореното градилиште во провинцијата Газиантеп, во близина на сириската граница.
Шест седмици пред изборите на 14-ти мај, претседателот вети дека ќе ги обнови и ќе ги посети преживеаните од земјотресот во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.
Но критичарите на Ердоган сметаат не е сигурно дека оваа солидарност со зборови и најави за брза обнова ќе биде доволна во време на економска криза, двоцифрена инфлација која ја осиромашува средната класа и последиците од земјотресот што ја уништи економијата во единаесет погодени провинции.
Изборната комисија седмицава ја прифати кандидатурата на тројца кандидати кои ќе му ја отежнат позицијата на 69-годишниот додека опозицијата се надева на победа.
Анкетата на опоицискиот институтот за истражување TAG Research покажува дека 51,8 отсто од гласачите го поддржуваат претседателот на главната опозициска партија CHP, Кемал Киличдароглу, за претседател, а 42,6 отсто го поддржуваат Ердоган.
Киличдароглу – кој се насмевнува oд изборните плакати со слоганот: „Добро ден, јас сум Кемал, доаѓам наскоро!“ – претставува сојуз на шест партии од левата до националистичката десница и ја ужива премолчената поддршка на прокурдската HDP, која имаше на минатите парламентарни избори поддршка меѓу 10 и 13 отсто од гласачите, чиј лидер Селахатин Демирташ е во затвор.
Кемал Киличдароглу мора да смета на враќањето на Мухарем Инџе, кандидатот поразен во трката со Ердоган во 2018 година. Во крајна линија, тука е и поранешниот пратеник на екстремната десница Синан Оган.
Покрај тешката економска криза, земјотресот ги покажа и слабостите на државата за чијашто величина настојува Ердоган. Уривањето на куќите врз главите на нивните жители откри негрижа во секторите за недвижности и градежништво што го поттикна растот во последните 20 години кога Ердоган беше на власт, но попуштањето на пропустите периодично беше спроведувани и пред појавувањето на неговата Парија на правото и развојот (AKP).