Ердоган пак е избран за лидер на Партијата на правдата и развојот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше реизбран за претседател на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) откако ги доби сите 1.399 валидни гласови на четвртиот вонреден конгрес на партијата, што се одржа во саботата во Анкара.

Изборите за претседател на партијата беа заклучени на четвртиот вонреден конгрес на АК Партијата што се одржа во Спортската сала во Анкара.

Претседателот на Конгресниот совет Али Ихсан Јавуз изјави дека од 1.402 дадени гласа, 1.399 се валидни. Ердоган ги освои сите 1.399 валидни гласови, со што беше реизбран за шеф на партијата, пренесува Кликс.

Со истото гласање беа утврдени Централниот комитет и Извршниот комитет на АК Партијата кој брои 75 членови.