Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија и оцени дека двете земји во иднина треба да се фокусираат на заеднички производствени проекти.
Ердоган изрази надеж дека Анкара и Берлин ќе се фокусираат на разговорите за заеднички производствени проекти, особено во одбранбениот сектор.
„Се надеваме дека Турција и Германија ќе почнат да разговараат за заеднички производствени потфати, а не за пречки, особено во одбраната“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во официјална посета на Анкара.