Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ја повика Германија да ја поддржи Турција во напорите кон пристапување во ЕУ, но призна дека неговата земја треба да спроведе реформи, пренесе „Франс прес“.
„Ние очекуваме и би сакале поддршка од Германија на патот кон ЕУ и во процесот на пристапување“, рекол Ердоган пред германскиот Совет за надворешни односи во Берлин.
Според него, Германија треба посериозно да ја изрази поддршка за пристапување на Турција кон ЕУ.
Германија е дом на околу три милиони Турци и најголемиот трговски партнер на Турција. Ердоган го посети Брисел пред неколку недели со цел да зајакне преговорите помеѓу ЕУ и Турција.
Турција започна преговори за членство во ЕУ во 2005 година.