Ердоган победник во вториот круг на претседателските избори

Подржувачите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган почнаа да ја слават победата на претседателските избори.

Со нешто над 98 проценти обработени гласачки кутии актуелниот Ердоган води пред противкандидатот опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу со 52.12 наспроти 47.88 проценти од гласовите.

Според новинската агенција Анадолу за Ердоган гласале 26.891.260 гласачи, додека за Киличдароглу 24.706.361.

На вториот круг од претседателските избори повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција Кемал Киличдароглу.