Ердоган порача дека Турција нема да стане европско складиште за мигранти

Како реакција на авганистанската криза, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика европските земји да преземат одговорност за мигрантите коишто доаѓаат од Авганистан.

„Турција нема намера да стане европско складиште за мигранти“, истакна турскиот претседател.

Откако талибаните во неделата го заземаа галвниот град Кабул и се вратија на власт, илјадници луѓе се обидуваат да го напуштат Авганистан во страв од потезите на новите власти, кои најавија дека ќе се придржуваат кон исламските шеријатски закони, јавуваат британските медиуми.

Во последните недели илјадници лица влегоа во Турција откако талибаните ги зазедоа големите градови и провинции во земјата.