Ердоган повика на бојкот на француските производи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја продолжи својата војна со зборови со францускиот претседател Емануел Макрон и во понеделникот ги повика Турците да ги бојкотираат француските производи обвинувајќи го Париз за дискриминациско однесување кон муслиманите и по бројните протести и повици на бојкот во неколку земји на Блискиот исток.

„Како што во Франција некои зборуваат ‘не купувајте турски производи’, јас на својот народ му велам ‘не гледајте ги француските производи, не ги купувајте“, порача Ердоган во говорот во Анкара.

„Против муслиманите се води кампања на линч, сличен оној против европските Евреи пред Втората светска војна“, додаде турскиот претседател и ги обвини некои европски челници за „фашизам и нацизам“.

Ердоган го критикува Макрон поради изјавата дека гарантира дека Франција и натаму ќе стои зад објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед, дадено во текот на националното оддавање на почесто на професорот Самуел Пати кому му беше отсечена главата на радикален 18-годишниот радикализиран исламист, бидејчи овој на предавање за слободата на говорот ги прикажал контроверзните карикатури, што е се смета за голема навреда во исламот кој забранува секакво изобразување на ликот на Мухамед или на Алах.

Изјавите на Макрон предизвикаа нов бран критики и протести во муслиманскиот свет, како и пред пет години, од страна на политички и верски челници, пратенииц и граѓани по социјалните мрежи и поттикнаа протести и повици на бојкот на француските производи.

Пред десетина дена Ердоган го доведе во прашање во менталното здравје на Макрон и му предолжи да се прегледа, што го повтори во текот на викендот.

Францискиот претседател дони низа поддршки во Европа, меѓу другите и од германската канцеларка Ангела Меркел, која ги осуди „клеветите“ против него.

Холандскиот премиер Марк Руте изјавите на Ердоган ги нарече „неприфатливи“. Холандија, покрај Франција, порачува дека цврсто стои зад она што го нарекува заеднички вредности на Европската унија. „За слободата на истражување и против екстремизмот и радикализмот“, напиша Руте на Twitter.

Во Катар во саботата навечер францускиот производо биле тргнати од повеќе дуќани во главниот град Доха, пренесуваат агенциите.