Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган говорејќи во вторникот на Генерлното собрание при Обединетите нации повика на реформи на Советот за безбедност при светската организација, а исто така се задржа на американските санкции против неговата земја и на другите светски прашања, како што е трговската војна за што оцени дека е обид за „создавање хаос“.
„Зошто 194-те земји не треба да бидат застапени во Совеветот за безбедност на ОН? Зошто по прнципот на ротација тие не можат да бидат постојани членки на Советот? Светот е поголем од петте, ние сме гласот на совеста на целото човештво“, рече Ердоган.
Според него, меѓународната органзиација со текот на времето станала инструмент кој им служи на интересот на петте постојани членки САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција, кои имаат право на вето. Турскиот челник смета дека Советот за безбедност ги запоставува интерсите на луѓето во другите земји.
Ердоган притоа посочи дека „светот повеќе не онаков, каков што беше по Втората светска војна“, кога беше создаван денешниот облик на светската организација.
Ердоган во своето обраќање од говорницата во Њујорк, исто така, се спротистави на треговските војни кои во моментов се водат во светот. Истакна дека економските санкции коишто се воведуваат еднострано, при што директно не ги спомена американските против неговата земја, се користат како оружје. Турскиот претседател потцрта дека последиците од ваквите постапки влијаат врз сите земји.
„Тоа е неприфатливо, и ни не можеме тукутака да гледаме на тоа“, рече Ердоган.
Додаде дека Турција се залага за слободна трговија и слободно движење на луѓе и стоки.
„Никој не посакува нови економски потреси. Лесно е да направите хаос, да се востанови редот секогаш е многу комплексно. Некои земји се обидуваат да создадат хаос. Се надеваме дека сепак ќе биде најден пристапот при кој интересите на сите учесници на пазарот ќе бдат почитувани. Турција се залага за рамноправни односи“, додаде турскиот претседател.
Притоа Ердоган ги повика сите земји да преземаат одговорни дејствија. Изрази увереност дека „политичкиот и економскиот хаос ќе останат зад нас“.