Турските претставници тврдат дека изјавата дека тој воено ќе ги брани Бошњаците на Реџеп Ердоган е измислена, но сеедно ги разбуди страстите на Балканот.
Турскиот амбасадор во Србија Мехмет Кемал Бозај изјавил за српски „Блиц“ дека таа изјава е измислена и дека турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган не го изјавил тоа, како што тврдат поединечни медиуми, дека секој кој ќе ја допре Босна против себе би имал 100 милиони Турци.
Шефот на српската диломатија Ивица Дачич, рекол дека Србија добила деманти од Турција со тврдење дека „тоа небило е кажано на таков начин“.
„Слично било и после наводната изјава за Косово, после која што исто така имаше демант. Нема сега да навлегуваме во тоа. “, рекол Дачиќ.
„Вечерњи лист“ од БиХ објавил дека Ердоган, во текот на предизборниот митинг, рекол дека „секој кој би ги допрел Бошњаците против себе би имал 100 милиони Турци и дека заради тоа не треба да е чудно кога турски воен брод впливи во Неум бидејќи тоа е знак и поддршка на суверенитетот на БиХ“.
Оваа изјава е причина денеска да се состанат премиерот Вучиќ и претседателот на РС Милорад Додиќ, кој овака пренесената изјава на турскиот премиер ја оценил како закана и мешање во внатрешните работи на БиХ. Ова Меѓутоа не би била прва контроверзна изјава на турскиот премиер. Имено, во октомври минатата година Ердоган, во обраќање на митинг во Призрен заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Косово Хашим Тачи, рекол дека културите на Турција и Косово може да бидат поинакви, но и дека нивните граѓани припаѓаат на иста земја.
Српскиот премиер Александар Вучиќ смета дека било какви изјави кои ја загрозуваат стабилноста не се добри и очекува од Европската Унија, а особено од Германија, да помогнат во зачувување на регионалниот мир и безбедност, пишува српски „Блиц“.