Ердоган прогласи победа: Добив одговорност да владеам уште пет години, Турција е единствен победник

epa10660918 Turkish President Recep Tayyip Erdogan addresses supporters outside his house following the second round of presidential elections, in Istanbul, Turkey, 28 May 2023. The second round of presidential elections between Turkish President Recep Tayyip Erdogan and his challenger Kemal Kilicdaroglu, the leader of the opposition Republican People's Party (CHP), was held on 28 May. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Сегашните неофицијални податоци покажуваат дека Ердоган, според 99,17 отсто преброени гласови, води со 52,08 отсто поддршка наспроти опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу, кој освои 47,92 отсто од гласовите, јавува Турската радио телевизија (ТРТ).
Ројтерс претходно објави дека претседателот на Врховниот изборен совет објавил дека Ердоган, врз основа на 75 отсто преброени гласови, води со 53,41 отсто поддршка од гласачите.
Според британската агенција, Ердоган рекол дека граѓаните му дале одговорност да владее во следните пет години, прогласувајќи ја Турција за единствен победник на изборите.
Откако пееше качен на автобус, актуелниот турски претседател ѝ се заблагодари на нацијата што на Турција ѝ дала „Ден на демократијата“
„Да даде Бог, ќе бидам достоен за вашата доверба како што бев во последните 21 година – им порача Ердоган на своите подджувачи, кои се собраа пред неговата резиденција во Истанбул славејќи ја неговата победа.
Излезноста на изборите беше 84,59 отсто.
Според податоците на сајтот на ТРТ, Киличдароглу освоил повеќе гласови од Ердоган во Истанбул, Анкара и Измир.
Избирачките места беа затворени во 17 часот по локално време.
Ердоган претходно, по гласањето, рече дека се надева на висок одѕив на гласачите.
„Турција покажа одличен пример на демократија со учество на 90 отсто од населението во првиот круг. Верувам дека земјата ќе го стори истото денеска“, изјави Ердоган пред новинарите, а пренесуваат турските медиуми.

Фото: ЕПА