Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално вчера објави одржување на предвремени избори, со цел да го прекине политичкиот „ќорсокак“, кој се појави по парламентарните избори во јуни.
Одлуката на Ердоган за предвремени избори следеше по состанокот со претседателот на Парламентот Исмет Јилмаз.
Иако точниот датум на предвремени избори не е официјално објавен, претседателот претходно најави дека гласањето би можело да се одржи на 1 ноември.
Во согласност со Уставот, претседателот одлучи изборите за турскиот Парламент повторно да бидат одржани, се наведува во соопштението на Претседателството и се додава дека одлуката е донесена, откако истекол крајниот рок за формирање на влада од 45 дена.
Ердоган денека ќе се состане со турскиот премиер Ахмет Давутоглу со кого ќе разговара за преодната влада, која Турција ќе ја води до изборите.
Турција гради ѕид на границата со Сирија
Станува збор за делница долга 12 километри во близина на градот Рејханли, во провинцијата Хатај, главната точка криумчарење и премин на мигранти од Сирија, наведува приватната турска агенција Доган.
Турските власти засега се оградуваат и не ги коментираат овие наводи во медиумите.
Со оглед на тоа дека земјата е мост од каде џихадистите се упатуваат кон Сирија и обратно милитантите се упатуваат кон Европа, Анкара ја зголеми присутноста на безбедносните сили долж границата на Турција. Целта е да се спречат џихадистите да влезат во Сирија, како и милитантите да влезат во Турција.
Обвинители под истрага зашто го прогласиле за лажен заговорот за убиство на ќерката на Ердоган
Во февруари Главното обвинителство во Анкара почна истрага во врска со тврдењата, лиферувани во некои провладини турски весници, дека врз Сјумеје Ердоган се подготвувал атентат.
Според информациите, турското разузнавање пресретнало кореспонденција на Твитер, што откривала дека „паралелната структура“ (следбеници на движењето „Хизмет“ на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен) подготвува атентат врз СјумејеЕрдоган пред парламентарните избори на 7 јуни, со цел Реџеп Таип Ердоган да го држи настрана од предизборната кампања.
Под кореспонденција се сметале разменетите лични ставови на Твитер меѓу опозициски пратеници и турски новинари. Двајцата пратеници тогаш категорично ги отфрлија овие тврдења и се пожалија во обвинителството.
Обвинителите Хусеин Парлакалач и Мустафа Гокај поведоа неколку судски предмети против весниците за изречена клевета, а Главното обвинителство на Истанбул за фалсификуван го прогласи претпоставениот заговор за убиството на Сјумеје Ердоган, напиша весникот „Џумхуриет“.