Ердоган разговараше за убиството на Кашоги со саудискиот принц, кој според Трамп може да има одговорност

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во средата телефонски разговарал со судискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, првпат по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на неговата татковина во Истанбул, а малку поретходно американскиот челник Доналд Трамп изјави за новинарите дека принцот би можел да има одговорност во ова злосторство.

Во текот на разговорот кој протекол на иницијатива на саудискиот престолонаследник, кој според турските медиуми бил во врска со убиството, двајцата челници разговарале за заедничките напори во разветлувањето на сите аспекти од егзекуцијата на Џамал Кашоги и мерките коишто треба да се преземат, рекле неименувани извори.

Ова е инаку втор телефонски раговор на Ердоган со бин Алман., „Нашата земја е решителна да не дозволи ова злосторство да биде турнато под тепихот, и да не му дозволи никомуи, од нарачателите до извршителите, да побегне пред правдата“, порача во средата турскиот претседател.

Американскиот претседателот Доналд Трамп, малку претходно ја даде досега наојострата изјава во врска со убиството на Кашоги, кој од минатата 2017 година живееше во егзил во САД. Рече дека престолонаследникот Мохамед бин Салман би можел да ја понесе крајната одговорност, како дефакто челник на Саудиска Араија, за операцијата којашто довел до смртта на дисидентскиот новинар.

Зборувајќи за весникот The Wall Street Journal, Трамп вели дека сака да верува во изјавите на принцот дека пониско рангирани функционери се виновни за убиството на Кашоги на 2-ри октомври во саудускиот конзулат во Истанбул, што официјален Ријад го негираше повеќе од две седмици, но и сугерир и дека одговорноста може сепак да е кај оние повисоките функционери.

Во интервјуто, Трамп вели дека повеќепати му го поставил прашањето за убиството на претолонаследникот. „Моето прво прашање беше: Дали знаевете нешто во смисла на планирањето?“, а принцот, како што вели, му одговорил дека не знае. Потоа Трамп прашал „Каде сето тоа започнало:“, а саудискиот принц рекол дека започнало на пониски нивоа од власт.

Запрашан дали верува во овие изјави, Трамп одговара: „Сакам да верувам. Навистина сакам да им поверувам“, Вели и дека кралот Салман немал однапред сознанија за овој инцдент.

Претходно во ворникот, Трамп за новинарите изјави дека саудиските власти го инсценирале „наклошото забошотување која и да е“ во случајот со убиството на Кашоги.