Турција и Русија се согласија Анкара да воспостави област за надзор североисточно од сирискиот град Манбиџ за да ја заштити оваа област, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Побаравме површина со големина пет на 19 километри, североисточно од Манбиџ, за да го заштитиме тој регион. Постигнавме договор со Русија за ова. Тоа ќе биде нешто како место за надгледување, рече Ердоган.
Турскиот претседател со рускиот колега Владимир Путин во вторникот постигнаа договор за поделба на контролата над североисточна Сирија, што бара повлекување на курдските борци по целата должина на сириско-турската граница.
Според договорот, Турција ќе ја задржи контролата над областите во кои влезе од почетокот на офанзивата на Сирија, а руските и сириските трупи ќе го контролираат остатокот од границата.
Путин и Ердоган исто така се согласија дека нивните трупи ќе спроведат заеднички патроли на пограничното подрачје.