Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека САД го ублажиле својот став околу прашањето за можноста за продажба на американските одбранбени системи „Патриот“.
Тој додаде дека Вашингтон побарал од Анкара да гарантира дека нема да активира руски одбранбени системи Ѕ-400.
Турција минатата година го купи рускиот систем Ѕ-400, но Вашингтон, кој е НАТО сојузник на Анкара, смета дека таа не може да има и Ѕ-400 и Патриот.
Меѓутоа, по ескалирањето на судирите во сириската провинција Идлиб оваа година, Анкара побара од Вашингтон да распореди системи Патриот на својата граница со Сирија поради заштита.
САД соопштија дека се подготвени да обезбедат муниција за Турција за воени операции во Идлиб, како и дека вршат проценка на барањето на Турција за купување на системот Патриот.
– Оваа понуда им ја дадовме на САД за Патриот: ако ни го дадете Патриот, тогаш направете го тоа. Можеме да купиме Патриот и од вас, истакна Ердоган пред новинарите на летот од Брисел.
Турскиот претседател додаде дека САД значајно го ублажиле ставот околу прашањето за Ѕ-400 и сега бараат Анкара да вети дека нема да го направи оперативен тој систем.