Ердоган сака децата да учат за светскиот придонес на исламот

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган дал инстукции според кои ќе се воведе образовна политика, која ќе посвети повеќе внимание на придонесот на исламот за светската наука и уметност.

– Треба да е јасно дека на грбот на нашето Министерство за образование и на Високиот совет за едукација, лежи многу голема одговорност. Објективното читање на историјата ќе го покаже придонесот на Истокот, Блискиот исток и исламот во науката и уметноста. Јас како претседател на земјата неможам да прифатам дека нашата цивилизација е подолу од другите, рече Ердоган во своето обраќање на отворањето на едно религиозното училиште во Анкара.

Ердоган ги отфрли критиките на новинарите, како и на карикатуристите, кои му се смееја на тврдењето дека муслимански мореплоци ги откриле двете Америки и изградиле џамија во Куба.

– Зошто (не веруваат)? Бидејќи никогаш не верувале дека муслиман е способен на нешто такво. Никогаш не верувале дека нивните предходници можеле да спуштат бродови во Златниот рог, по што минале на копно, коментира Ердоган, алудирајќи на освојувањето на Константинопол во 1453 година.

Турскиот претседател застаба во одбран на тврдењето за наводното откривање на американскиот континет од страна на муслимаите, но истакна дека тоа сепак не е негова теза.

– Ова не е ново тврдење. Тоа се споменува во книгата на професор Фуат Сезгин. Извесен број научници во Турција и светот го тврдат истото, објасни Ердоган без да го споменува неговото тврдење дека муслиманските морепловци изградиле џамија на Куба.