Ердоган ѝ се закани на ЕУ со нов прилив на мигранти

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, чијашто земја прими повеќе од четири милиони бегалци, се закани во четвртокот дека е можен нов бран мигранти во Европската унија доколку Анкара на добие поголема меѓународна помош.

Повеќе од 3,5 милиони од овие бегалци се Сиријци и Турција сака во својат сосед да се воспостави „безбедна зона“ за да може да се вратат во својата татковина.

„Доколку тоа не се случи, ќе мораме да ги отвориме вратите. Или ќе ни помогнеме или, ако не го сторите тоа, постојат граници до коишто можеме да трпиме. Предлагаме воспоставување безбедна зона (…), ако го сториме тоа, тоа ќе ѝ помогне Турција“, изјави претседателот Ердоган во телевизиски настап во Анакара.

Турскиот челник притоа предупреди на состојбата во сириската покраина Идлиб крај турската граница, каде што живеат околу три милиона лица и која е последното упориште на милитантите, а која е цел на бомбарирања на сириските владини и американските сили, и од каде се повеќе мигранти влегуваат во Турција.

„Немавме доволна поддршка и ќе мораме тоа да го сториме за да ја добиеме“, додаде Ердоган, наведувајќи дека Турција потрошила 40 милијарди американски долари, а до Европската унија добила само 3 милијарди евра за прифаќањето на сириските беглаци.

Анкара и Брисел во 2016 година потпишаа договор кој предвидува враќање во Турција на мигрантите кои илегално влегоа во Грција, во замена за финансиска помош од 6 милијарди евра за кои Анкара вели дека бавно и половично ги добивала, а ветувањето за симнувањето на визниот режим не заживеа.

„ЕУ до денес исплати 5,6 од договорите 6 милијарди евра“, тврди во својот одговор портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто, ветувајќи го „наскоро“ и остатокот од вкупната сума.