Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека одобрувањето на Анкара на барањата за приклучување кон Северноатлантската алијанса на Шведска и Финска ќе зависи од нивното исполнување на обврските од Мадридскиот меморандум за борба против тероризмот. Тој оваа изјава ја даде денес, на 4 ноември, на средбата во Истанбул со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува ТАСС.
„Одобрувањето [од страна на Турција] за приклучување на Финска и Шведска во НАТО ќе зависи од темпото на нивното исполнување на нивните обврски од Мадридскиот меморандум“, рече Ердоган.
Претходно Столтенберг изјави дека Финска и Шведска ги исполниле барањата на Турција и дека е време да ги прифатат во алијансата.
Потоа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека, според Турција, Шведска и Финска не ги исполниле сите пропишани барања на Анкара за влез во НАТО.
Пред тоа пак, турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека Финска и Шведска се уште не испорачале ниту еден терорист во Турција, додека турската страна продолжува да инсистира на екстрадиција на лица вклучени во терористички активности.